Познатиот албански историчар и поранешен пратеник и дипломат, Пелумб Џуфи изјави дека воведената царина од 100 отсто од страна на косовската Влада за српските призводи ќе биде укината.
Тој ја коментираше и изјавата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, во која меѓу другото на дипломатите на ЕУ им вели дека „Европа го изгубила патот во дворот“, што според Џуфи е недипломатска изјава.
– Тоа е реактивно движење, кое се оправдува со ставот на српската Влада за дизбалансиран однос на релација со Косово, но и во комерцијалната сфера. Некои работи не можат да се вратат назад. Мислам дека оваа реакција даде позитивен ефект, велејќи дека е доста. Дека ќе биде укината воведната царина ќе биде, секако, иако премиерот инсистира со недпломатските изјави – оцени Џуфи.
И Адри Нурелари, советник на претседателот на косовскиот парламент Кадри Весели, гостувајќи во емисија на тиранската телевизија Ора њуз, најави дека е можно многу брзо да биде укината царината од 100 проценти за српските прозводи, воведена во ноември, и оти за тоа постои голем притисок од САД.
ФОТО: EPA / VALDRIN XHEMAJ