Актерката Џулија Робертс ќе му ја додели на својот долгогодишен пријател и чест филмски партнер, Џорџ Клуни највисоката награда на Американскиот филмски институт (АФИ).
Институтот денеска соопшти дека Робертс ќе му ја додели на Клуни 46. награда на АФИ за животно дело на гала вечерата во Долби театарот на 7 јуни.
Робертс со Клуни играла во повеќе филмови, вклучувајќи ги и „Играј ја својата игра“, „Повторно во игра“…
Таа исто така, ја играше и главната улога во неговото прво режисерско остварување „Исповед на опасниот ум“.