Триесет и шестгодишната Барбара Буш се омажи за 37-годишниот сценарист Крег Којни. Нејзиниот татко, поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш, ја испрати до олтарот, додека нејзиниот дедо, Џорџ Херберт Вокер Буш, ја набљудуваше церемонијата на имотот Вокер поинт во Мeјн.
Сестрата на Барбара, Џена Буш, изјавила дека невестата носела нешто позајмено – алка што нејзиниот дедо ја подарил на својата сопруга за одбележување на 70 години брак.
Барбара Буш е соосновач на непрофитната организација за јавно здравје Глобал хелф корпс. Таа и нејзиниот сопруг ќе живеат во Њујорк.
ФОТО: Инстаграм