Британскиот премиер Борис Џонсон му постави ултиматум на Брисел за повторно да преговара за Брегзит или да се соочи со можноста Британија да ја напушти Европската унија без договор.
– Ние сме подготвени да преговараме, со добра волја, за алтернативен договор за Брегзит – рече Џонсон во првото обраќање во Парламентот.
– Ќе се фрлиме во овие преговори со најголема енергија и одлучност – додаде тој.
Џонсон изрази надеж дека лидерите на ЕУ „ќе го преиспитаат нивното сегашно одбивање“ за повторно преговарање за договорот за повлекување на Велика Британија од ЕУ.
– Ако не го сторат тоа, ќе мораме да заминеме без договор – рече тој, додавајќи дека побарал од своите нови министри „главен приоритет“ да им биде подготовка за Брегзит без договор.
Џонсон инсистира на тоа дека Велика Британија мора да си замине од ЕУ до 31 октомври, со или без договор.
ФОТО: EPA / NEIL HALL