Џонсон против Хант во трката за британски премиер

329

Џереми Хант ќе се соочи со Борис Џонсон во трката за иден премиер на Велика Британија откако Мајкл Гов беше елиминиран во последното гласање на конзервативните пратеници.

Гов го поддржаа 75 пратеници, а Хант имаше само два гласа повеќе.

Џонсон, кој се смета за фаворит во трката, доби 160 гласови.

За Џонсон и Хант сега по пошта ќе гласаат 160.000 члаенови на Конзервативната партија ширум земјата.

Победникот ќе биде објавен во неделата која почнува на 22 јули и ќе ја замени Тереза Меј на функцијата лидер на партијата и премиер на Британија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...