Џонсон предизвика гнев поради коментарите дека жените во бурки се „поштенски сандачиња“

383

Лидерката на британската владејачка Конзервативна партија, Тереза Меј побара од поранешниот министер за надворешни работи Борис Џонсон да се извини поради навредите за жените што носат бурка.

Џонсон во авторски текст објавен вчера во „Дејли телеграф“ наведе дека не ја поддржува забраната за бурките, додавајќи дека е жените во бурка наликуваат на „поштенски сандачиња“ или „крадци на банки“.

– Целосно е смешно што луѓето избираат да шетаат облечени како поштенски сандачиња, истакна Џонсон.

Поради тоа Џонсон е критикуван од муслиманските групи, но и од политичарите.

Државниот министер за Блискиот Исток во британското Министерство за надворешни работи Алистер Барт денеска изјави дека од коментарите на Џонсон „многу луѓе биле навредени“.

Претседателот на британската Конзервативна партија, Брендон Луис на Твитер објави дека се согласува со Барт и побара Џонсон да се извини за неумесните коментари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...