Џонсон постави услови за преговори со ЕУ

319
ФОТО: EPA / NEIL HALL

Британскиот премиер Борис Џонсон им порача на лидерите на Европската унија дека ќе разговара за Брегзит кога ќе покажат дека се подготвени да ја сменат својата позиција за договорот за излез на Британија од ЕУ, а дека во спротивно ќе го напушти европскиот блок без никаков договор, изјави портпаролката на Џонсон.

– Премиерот е расположен да седне и да разговара кога ќе се смени позицијата – рече портпаролката.

Џонсон претходно изјави дека ЕУ мора да отстапи од таканаречениот „бекстоп“, односно заштитен механизам, што значи дека Северна Ирска останува во царинска унија со Британија ако не се најдат други решенија.

Според него, „бекстоп“ е недемократски и мора да се отстапи од него доколку Европската унија сака да се постигне договор за Брегзит.

ФОТО: EPA / NEIL HALL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...