Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ја повика нацијата на единство за надминување на поделбите за Брегзит, кои ја поделија земјата.
– Ќе се обединиме… ќе се собереме сите од неверојатната Велика Британија – Англија, Шкотска, Велс, Северна Ирска заедно ќе одиме напред, ослободувајќи го потенцијалот од целата земја – истакна Џонсон.
Тој додаде дека сака да разговара и со тие кои не гласале за конзервативците и со тие кои сакале или можеби се уште сакаат да останат во Европска Унија.
– Сакам да знаете дека ние во оваа конзервативна влада никогаш нема да ги занемариме вашето добро и позитивните чувства на топлина и сочувство со европските народи – посочи Џонсон.
Тој истакна и дека сака ново партнерство со ЕУ.
Џонсон наведе дека ќе формира нова влада и оти в понеделник ќе биде конституиран и новиот парламент.