Џонсон: Планот за Брегзит на Меј ќе го намали влијанието на Британија

Џонсон смета дека тоа би било „историска грешка“.

104

Поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон изјави денеска дека Владата на премиерката Тереза Меј ќе направи „историска грешка“ доколку го спроведе својот план за Брегзит.

Тој смета дека ваквиот план во голема мерка ќе го намали влијанието на Британија и нејзината можност самостојно да постигнува трговски договори.

Обраќајќи се на конференцијата на Демократската унионистичка партија во Белфаст, Џонсон ја повика оваа партија да не ја напушта Конзервативната партија, нагласувајќи дека нејзината поддршка е клучна за Владата.

– Се надевам дека се согласувате оти е апсолутно клучно да го продолжиме ова партнерство- истакна поранешниот шеф на британската дипломатија.

Демократската унионистичка партија се заканува дека ќе ја собори Владата поради Брегзит.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...