Џонсон: Нападите врз Сирија нема да го променат курсот на војната

Воздушните напади што САД, Велика Британија и Франција ги извршија во саботата врз цели во Сирија, нема да го променат курсот на сириската војна, изјави денеска шефот на британската дипломатија Борис Џонсон.

80

Воздушните напади што САД, Велика Британија и Франција ги извршија во саботата врз цели во Сирија, нема да го променат курсот на сириската војна, изјави денеска шефот на британската дипломатија Борис Џонсон.

– Битно е да се нагласи дека тоа не беше обид за промена на курсот на војната во Сирија, ниту беше обид за промена на режимот- изјави Џонсон во Луксембург по пристигнувањето на средбата на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

Според него, со нападите на трите западни земји, светот само порачал дека е доста со користењето на хемиското оружје.

– Сепак се плашам дека сириската војна ќе продолжи со својот мизерен и ужасен тек, додаде Џонсон.

Според најавите од седиштето на ЕУ, сирискиот конфликт, заедно со односите на Унијата кон Русија, ќе бидат главни теми на министерската средба во Луксембург.

Европската унија во саботата ги повика Русија и Иран да помогнат за запрање на евентуални иднина напади со хемиско оружје од страна на на сириската армија, заканувајќи се при тоа со нови економски санкции.

– Европската унија ги повикува сите држави, а особено Русија и Иран, да го искористат своето влијание за да се спречи сирискиот режим во иднина да користи хемиско оружје, порача ЕУ.

САД, Франција и Велика Британија во саботата во раните утрински часови истрелаа над сто ракети врз објекти на сириските власти во реоните на Дамаск и Хомс, при што беше предизвикана само материјална штета, но не и човечки жртви.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...