Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека од сите кандидати на Конзервативната партија на претстојните избори добил ветување за поддршка на неговиот договор за брегзит.
– Сите 635 кандидати ми ветија дека ако бидат избрани, ќе гласаат во Парламентот за одобрување на мојот договор за брегзит, за да можеме да ставиме крај на периодот на неизвесност и конечно да ја напуштиме ЕУ – рече Џонсон во интервју за „Телеграф “.
Џонсон изјави дека му нуди пакт на народот.
– Ако гласате за конзервативците, можете да бидете 100 проценти сигурни дека владата на конзервативното мнозинство ќе го одблокира Парламентот и ќе го спроведе брегзит – нагласи Џонсон.
Изборите во Велика Британија ќе се одржат на 12 декември.
ФОТО: EPA / ANDY RAIN