Британскиот премиер Борис Џонсон, по убеделивата победа на конзервативците на вчерашните избори, порача дека неговата партија „освои силен нов мандат за Брегзит да се спроведе до самиот крај“.
-Сметам дека ќе се покаже дека ова беа историски избори кои ни дадоа шанса во новата влада, да ја испочитуваме демократската волја на британскиот народ – истакна Џонсон.
Тој наведе дека тоа е и шанса Велика Британија да се промени на подобро и да го ослободи потенцијалот на сите луѓе во земјата.
-Пред сѐ, сакам да им се заблагодарам на луѓето што излегоа на декемвриските избори кои не сакавме да ги распишеме, но кои, сметам, станаа историски – изјави Џонсон, како што пренесуваат британските медиуми.
Според последните податоци на Би-Би-Си, Конзервативната партија освои 364 мандати во 650-члениот парламент, додека Лабуристичката партија 203.
Резултатите од изборите сѐ уште се бројат, а „Политико“ оценува дека овој резултат претставува голема лична победа на Џонсон и значи дека Велика Британија сигурно ќе ја напушти ЕУ, на крајот на јануари.
Ова е најголема победа на ториевците во последните 30 години, а подобар резултат освиои само „железната лејди“ Маргарет Тачер, на изборите во 1983 година кога освои 397 мандати, пишува „Гардиан“.
Истовремено, лабуристите го постигнаа најлошиот резултат од 1935 година, а нивниот лидер Џереми Корбин се соочува со барања за оставка