Џонсон до ЕУ: Погрижете се да биде невозможно ново одложување на Брегзит

Џонсон во писмото упатено до претседателот на Европски совет Доналд Туск наведе дека според британските закони „нема право да направи што било освен да ја потврди формалната согласност на Велика Британија на продолжување“ на рокот за излегување од ЕУ.

105
Photo: EPA / ANDY RAIN

Британскиот премиер Борис Џонсон прифати тримесечно одложување на Брегзит, но наведе дека тоа го прави против своја волја.

Тој ја повика Европска Унија да не одобрува дополнително пролонгирање на излегувањето на Велика Британија од Унијата.

Џонсон во писмото упатено до претседателот на Европски совет Доналд Туск наведе дека според британските закони „нема право да направи што било освен да ја потврди формалната согласност на Велика Британија на продолжување“ на рокот за излегување од ЕУ.

Британскиот премиер во писмото до Туск ги повикува останатите 27 земји-членки на ЕУ да се погрижат да не биде возможно ново пролонгирање на Брегзит по 31 јануари.

Џонсон на 19 октомври побара тримесечно одложување на Брегзит до 31 јануари 2020 година, откако британскиот Парламент го обврза на таква постапка.

Туск претходно изјави дека земјите-членки на ЕУ го прифатиле барањето на Велика Британија и одобрија тримесечно одложување на Брегзит, што беше планирано за 31 октомври.

Првично Велика Британија требаше да излезе од ЕУ на 29 март, но рокот трипати е пролонгиран откако Парламентот не ги усвои договорите за Брегзит ниту на Тереза Меј, ниту ревидираниот договор постигнат на 17 октомври од Џонсон.

Џонсон до Парламентот поднесе предлог за распишување на вонредни избори со цел да се реши кризата за Брегзит, бидејќи се надева дека конзервативците ќе добијат мнозинство, што би го олеснило процесот на усвојување на договорот за Брегзит.

Но, британскиот Парламент вечерва го одби предлогот Џонсон за одржување на предвремени избори на 12 декември.

Предлогот на Џонсон не го доби неопходното двотретинско мнозинство. „За“ предлогот гласаа само 299 пратеници.

Џонсон најави дека повторно ќе се обиде во Парламентот да обезбеди одржување на избори во декември, со поднесување на предлог закон за кој е потребно просто мнозинство.

Фото: EPA/ANDY RAIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...