Џонсон: Договорот за Брегзит ќе ја претвори Велика Британија во колонија

111

Британската премиерка Тереза Меј и Европска унија одлучуваат за Брегзит така што Велика Британија ќе се претвори во колонија, изјави денеска поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон.

– Никој не наседнува на овој театар. Едно пролонгирање за друго, исценирано одложување – напиша Џонсон на Твитер.

Тој е убеден дека ќе биде постигнат договор со кој ќе се предаде Велика Британија.

Џонсон додаде дека Велика Британија „ќе биде осудена на останување во царинската унија и под регулаторна контрола на Брисел“.

Луѓето не гласаа за колонијален статус, напиша Џонсон, додавајќи оти „иднината може да биде светла само ако сега го смениме курсот“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...