Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон го посети поплавениот Дербишир откако вчера беше пронајдено тело на жена во водата, пренесува „Метро“.
На состанок со тимот за кризи, Џонсон изрази сочувство за жената која трагично го изгуби животот во поплавите.
Семејството на жртвата е известено за трагедијата, но нејзиниот идентитет не е достапен за јавноста.
Џонсон се сретна и со полицајци кои помагаа во поплавите.
– Сигурно сте работеле цел ден. Ви благодарам многу – им рече премиерот.
Британци раскажуваат за немилите настани, нарекувајќи ги „речиси библиски“.
– Гледаш низ прозорецот и не ти се верува колку многу дожд паѓа. Возилата тонеа во водата, градините се уништени. Не може да се вози никаде. Масакр – вели 61-годишната Кејтлин Овертон, која работи во пошта.
ФОТО: EPA / NEIL HALL