Борис Џонсон, фаворитот меѓу кандидатите за следен британски премиер, денеска вети дека ќе ја извади земјата од Европската унија, почнувајќи ја својата кандидатура за премиер.
Премиерката Тереза Мај во петокот поднесе оставка. Џонсон, поранешен министер за надворешни работи кој поднесе оставка во знак на протест поради начинот на кој Мај се справуваше со Брегзит, е фаворит за нејзин наследник.
– Ако бидам избран, ние заминуваме, со или без договор, на 31. октомври. Сега е време да го обединиме нашето општество и да ја обединиме нашата земја, рече Џонсон на снимка објавена на Твитер.