Џонсон бара предвремени избори во декември

Шест дена пред сегашниот рок за Брегзит, Европејците вчера ја одложија одлуката за траењето на пролонгирањето на рокот за излез на Велика Британија од ЕУ без договор, пред се, заради високите економски опасности и штети.

79
Photo: EPA / UK PARLIAMENT / JESSICA TAYLOR

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска од шефот на опозицијата Џереми Корбин побара „да се однесува како маж“ и да прифати предвремени парламентарни избори за иднината на Брегзит да може да се помести од мртва точка.

Шест дена пред сегашниот рок за Брегзит, Европејците вчера ја одложија одлуката за траењето на пролонгирањето на рокот за излез на Велика Британија од ЕУ без договор, пред се, заради високите економски опасности и штети.

Без обезбедено парламентарно мнозинство, конзервативецот Џонсон за да го исполни своето ветување за реализиран Брегзит на 31 октомври, сака во понеделник да организира гласање за оддржување предвремени парламентнарни избори на 12 декември. За таква одлука му е потребно двотретинско мнозинство од пратениците и подршка од лабуристичката опозиција.

– Време е Џереми Корбин да се однесува како маж – рече Џонсон за Скај њуз.

Притоа тој додаде дека неговото ветување за Брезит на 31 октомври „ е се уште можно“, иако, за жал, тоа зависи и од тоа што ќе каже ЕУ.

Корбин синоќа изјави дека неговата партија нема да гласа за избори се додека постои заканата за излез од ЕУ без договор.

По состанокот на амбасадорите од 27 земји членки, вчераутро, Европејците повторно му ја вратија топката на Лондон. Според неколку европски извори, нов состанок на амбасадорите ќе има во понедленик или вторник кога ќе се одлучи за траењето на одложувањето на Брегзит.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...