Џони Флин ќе го глуми Дејвид Боуви

154
Foto MIA

Џони Флин ќе го толкува младиот Дејвид Боуви во филмот „Stardust“ (Ѕвезден прав) – приказна за првата посета на рок-ѕвездата на САД, во 1971 година.

Во филмот, покрај него ќе се појават и Џена Мелоун која ќе ја глуми сопругата на Боуви, Енџи, потоа – Марк Марон и други. Актерскиот тим сѐ уште се екипира.

Кристофер Бел е задолжен за сценариото, а Гејбриел Рејнџ ќе го режира филмот.

Снимањето на филмот почнува во јуни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...