Џони Деп се повредил за време на снимањето во Црна Гора

физијатарката на актерот му го имобилизирала вратот, му дала совети и со фотографија од својот славен пациент се пофалила на Фејсбук.

173

По снимањето во Србија, холивудскиот актер Џони Деп продолжи со снимањата во Црна Гора. Но, на самиот почеток на снимањето тој денеска се повредил.

Според српските медиуми, актерот на снимањето си го повредил вратот, па продукцијата повикала физијатар, докторката Рената Бергам Грандис, инаку началничка на болницата во Рисан.

Таа на актерот му го имобилизирала вратот, му дала совети и со фотографија од својот славен пациент се пофалила на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...