Џони Деп доби тужба за насилство

475

Актерот Џони Деп добил тужба за напад на работникот Грег Брукс на снимањето на филмот „Град на лаги“.

Во тужбата Брукс посочил дека Деп двапати го удрил во ребра. Тој исто така го обвинил актерот за вербален напад и дека му нудел 100.000 долари за да му возврати.

Во тужбата се тврдело и дека на Брукс му бил прекинат ангажманот на филмот откако тој одбил да потпише спогодба согласно која нема да го тужи актерот.

Оштетата што ја бара Брукс не е прецизирана.

Ова не е првпат Деп да добие тужба за насилство. Пред две години, неговата поранешна сопруга Амбер Херд побара забрана за доближување и објави фотографија со модринка на окото како доказ за насилничкото однесување на акетрот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...