Холивудската актерка Анџелина Џоли ја смени фризурата за потребите на снимањето на новиот филм „Come Away”.
Сега, наместо долга црна коса, Џоли се појави со руса коса, стилизирана во лежерна пунџа.
Обожавателите на интернет коментираат дека оваа фризура актерката ја прави постара.
Инаку во филмот „Come Away”, Анџелина Џоли глуми со Мајкл Кејн и Гугу Мбата-Роу, а режисер на филмот е Бренда Чепмен.
ФОТО: Твитер