Списанието за машка мода Џи-Кју објави „Листа на најпреценети книги на сите времиња кои дефинитивно не мора да ги прочитате“, меѓу кои ја вброи и Библијата.
Од 21 книга, според уредништвото на магазинот, Библијата заслужува да се најде на 12 место на најпреценети книги.
– Оние кои ја прочитале, знаат дека во неа има неколку добри делови, но тоа дефинитивно не е најдоброто нешто што човекот го има напишано. Се повторува, контрадикторна е, глупава и во некој поглед дури и злонамерна, се вели во писанието.
Потегот на списанието предизвика реакции на црковни водачи од САД. Свештеникот Џонатан Морис од Бронкс одлуката на Џи-Кју ја нарече „срамна и глупава“.
На листата, меѓу другите се најдоа и „Старецот и морето”, „Ловец во житото” и „Хаклбери Фин”.