Џиџи Хадид и Зејн Малик се разделија

467
ФОТО: EPA / JUSTIN LANE

Иако фанови веќе претпоставуваа дека манекенката Џиџи Хадид и пејачот Зејн Малик не се повеќе заедно, извор за „Us Weekly“ сега ја потврди информацијата, пренесува „Космополитан“.

– Би можеле да се смират, но зaсега е готово – рекол изворот.

До сега се зборувало дека тие само сакаат да се одморат малку еден од друг, а фановите го забележале тоа што парот веќе не објавува фотографии заедно на социјалните мрежи.

Тоа што Џиџи Хадид отишла сама на новогодишната забава на Тејлор Свифт го разгори огнот.

Според друг извор, манекенката се обидувала врската да успее, но Малик имал „негови проблеми, а таа не можела да му помогне“.

Наводно, врската станала токсична откако тие раскинале во март, па се смириле во мај.

ФОТО: EPA / JUSTIN LANE

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...