Џиновски полжави во Москва

231
ФОТО: МИА

Џиновски полжави, кои можат да бидат долги и до 15 сантиметри, ја преплавија Москва, па некои граѓани се исплашија за судбината на своите домашни растенија и животни.

Видот арион вулгарис, попознат како „шпански полжав“, предизвикува штета кај билките, а и пренесува бактерии коишто се опасни за домашните миленичиња. Шпанскиот полжав се смета за еден од 100-те најголеми напасници во Европа.

Еден ваков полжав, којшто инаку е хермафродит, може да изведе до 400 јајца при еден процес на оплодување.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...