Џим Кери долго време се борел со депресијата, бидејќи во неговиот приватен живот се случиле многу лоши работи, а самоубиството на неговата поранешна девојка му го превртела животот наопаку.
Раскинувањето оставило длабока трага во неговата душа, но актерот нашол сили и се изборил со својте ментални проблеми.
Во неодамнешните интервјуа тој кажал дека нема полоша состојба од депресија.
Кери рекол дека повеќе не е опседнат од кариерата, и дека многумина доаѓале со намера да го уништат неговиот душевен мир. Тој додал дека не успеале во тоа и дека откако ги решил проблемите никој повеќе не може да му застане на патот.