Џеј Ло покажа и повеќе од што треба: Можеби е престара за тоа ВИДЕО

Во еден момент, кога Лопез го носела белиот комбинезон од латекс, камерата го фатила нејзиниот потполно гол задник.

937

Пејачката Џенифер Лопез (49) објави нов музички спот за песната „Medicine“, во соработка со раперот Френч Монтана (34), а од силните блескања и брзите кадрови, на сите им паднала во очи една работа.

Џенифер во спотот променила дури седум комбинации на облека, од црн фустан со изрези на нозете, до бело каубојско одело и шешир.

Сепак, во еден момент, кога Лопез го носела белиот комбинезон од латекс, камерата го фатила нејзиниот потполно гол задник.

Таа сцена ја повторила неколкупати во спотот, но кадровите траат само една секунда. Во спотот уфрлила, всушност, цел циркуз, вклучувајќи ја и жената во минијатурно бикини која крева тегови.

Сепак, многумина ѝ забележале на тоа колку се разголила.

„Ти си навистина божица, и со гласот и со изгледот, но мислам дека во овие години не би требало да правиш вакви провкативни песни“, коментирале фановите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...