Латино дивата често објавува фотографии на своето фит тело на социјалните мрежи, но во реалноста работие не стојат баш исто.
Џенифер Лопез е фотографирана на плажа во текот на романтичниот одмор на Бахамите, каде ја запросило нејзиното момче Алекс Родригез.
По овие фотографии на Џеј Ло во костим за капење многумина заклучиле дека таа, всушност, своите фотографии го разубавува за потребите на Инстаграм.
Неспорно е дека пејачката и вака изгледа одлично, имајќи предвид дека има 49 години, но факт е дека плочките на стомакот не се така видливи како што таа ги претставува на фотографиите.
Џенифер била фотографирана во дводелен костим за капење кој ги открил нејзините недостатоци наспроти совршено рамниот стомак кој таа постојано го истакнува на социјалните мрежи.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин