Џеј Ло и нејзиниот свршеник среде скандал: Бараше да му праќам провокативни видеа

Уште еден скандал ја тресе славната двојка, која неодамна реши да ја озакони двегодишната врска.

2035

Пред две недели поранешниот играч на бејзбол Алекс Родригез ја запроси латино дивата Џенифер Лопез. Потоа, неговиот колега Хозе Канско преку социјалните мрежи обелодени дека Алекс цело време ја изневерува Џенифер со неговата поранешна сопруга.

Алекс и Џенифер, кои наскоро треба да се венчаат, не обрнувале внимание на овие коментари, но сега пристигнува уште едно тврдење за неверство наменето за Алекс.

Имено, Зое Грегори, британски модел на „Плејбој“, тврди дека Алекс ѝ праќал пораки само шест дена пред да ја запроси Џенифер.

Зое тврди дека Алекс ѝ праќал провокативни фотографии и ѝ нудел секс во тројка.

– Џеј Ло е неверојатна и таа не го заслужува тоа. Додека се подготвуваше да ја запроси, од мене бараше да му ги праќам своите провокативни снимки. Бараше да се сретнеме и да доведам уште некои девојки со себе – изјавила Зое за „Дејли мејл“.

ФОТО: EPA/NINA PROMMER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...