Џејми Оливер доби улога во „Војна на ѕвездите“

189

Најпознатиот светски готвач Џејми Оливер наскоро би можел да се испроба во една нова кујна, филмската, а улогата која би требало да ја добие е сон на многу актери. Оливер во новото продолжение на „Војна на ѕвездите“ ќе добие една од споредните улоги, бидејќи нема многу искуство пред филмските камери.

Извори блиски на продукциската куќа која работи на новото продолжение на познатата франшиза, тврдат дека Оливер неодамна го посетил студиото каде се подготвувал за својата сцена во „деветата епизода“ и дека улогата во филмот ја добил бидејќи на својот Инстаграм објавил фотографии на кои се гледа како ја носи ќерка му во училиште облечен како Stormtrooper, како и фотографија од прославата на роденденот на синот каде исто така го носел истиот костум.

Оливер така ќе биде во можност да заработи нешто пари за да го поправи своето салдо на сметката поради крахот со ланецот ресторани кои му донеле голема загуба.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...