Познатата холивудска актерка Џесика Алба деновиве е во Дубровник, каде што учествува на конференцијата New Europe Market (NEM), на која го промовира американскиот телевизиски серијал „L.A.’s Finest”.
38-годишната актерка ја користи приликата да прошета и низ градот.
„Ова место е неверојатно! Храната, Јадранското море, сѐ е воодушевувачко!“, напиша Алба на својот профил на Инстаграм.