Џенифер Лопез прогласена за модна икона на годината ФОТО

Пред популарната Џеј Ло оваа награда ја добија и пејачките Ријана, Бијонсе, Леди Гага и легендарната манекенка Наоми Кемпбел.

401

Советот на модни дизајнери на Америка (ЦФДА) на мегапопуларната латино дива ѝ ја додели оваа престижна титула, која Џенифер ќе ја прими на 3 јуни на свечена церемонија во Музејот Бруклин во Њујорк.

Пред популарната Џеј Ло оваа награда ја добија и пејачките Ријана, Бијонсе, Леди Гага и легендарната манекенка Наоми Кемпбел.

Претседателот на жирито на СФДА Стивен Колб истакнал дека никогаш не е лесно да се одлучи кој да ја добие оваа престижна титула, поради тоа што секогаш има многу потенцијални кандидати.

– Пресудно Лопез да ја добие титулата било нејзиното редовно и константно присуство во светот на модата, но и нејзината смелост да носи сè – истакнал Колб.

ФОТО: Инстаграм

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...