Познатата актерка Џенифер Гарнер ќе ја одигра главната улога во претстојниот акциски трилер „Пеперминт”, кој во кината доаѓа во септември оваа година.
„Пеперминт“ е во режија на францускиот режисер Пјер Морел, а сценариото за филмот го напиша Чет Сент Џон..
Филмот следи приказна за млада мајка чиј сопруг и ќерка се убиени и таа одлуува да се одмазди на напријателите.
Покрај Гарнер, во филмот настапуваат и Ричард Кабрал, Џон Ортиз, Џон Галагер и многу други,.
„Пеперминт” ќе биде премиерно прикажан на 7 септември во Америка, а потоа ќе пристигне и во другите делови на светот.