Славната актерка Џенифер Анистон вчера наполни 51 година, а сите се прашуваат дали Бред Пит (56) и оваа година присуствувал на нејзината роденденска забава.
Популарниот актер лани беше на роденденската забава на Џенифер, и иако сакаше да се скрие од папараците и да влезе во задниот влез, тој сепак беше „фатен“ на страничниот влез на ресторанот.
Откако како бомба одекна веста дека Бред и Џенифер се смириле, фановите на оваа поранешна љубовна двојка не мируваат, а сега се прашуваат дали Пит ѝ го соблекол фустанот по прославата.
Кога се најдоа на 26. доделување на САГ наградите, на 19 јануари, Бред и Џенифер јавно се поздравија држејќи се нежно за рацете, ги подгреаа гласините за нивното смирување.