Разводот на Џенифер Анистон и Бред Пит беше еден од оние кои се паметат. Бред и Џенифер се разведоа по пет години брак, а веднаш по објавата за развод започнаа гласини дека за сè е виновна Анџелина Џоли во која Пит се вљубил за време на снимањето на „Господин и госпоѓа Смит“.
Џенифер го поднесе разводот дамски и никогаш не „плукаше“ по Анџелина и Бред во јавноста, но не секогаш била без коментар за новата партнерка на својот поранешен сопруг.
Една од таквите прилики се случила откако Анџелина во интервју од 2007 година раскажала пред новинарите дека Бред Пит ѝ е најголемо изненадување во животот и дека поради него повторно го засакала актерството.
– Додека го снимавме филмот, едвај чекав да одам на сетот. Веднаш се поврзавме, а подоцна сфативме дека помеѓу нас навистина постои нешто повеќе – изјавила Анџелина која наводно ја повикала Џенифер да разговараат насамо.
Џенифер во 2008 година го замолила новинарот на „Вог“ да го исклучи диктафонот и му рекла дека повикот на Анџелина било нешто најсмешно што некогаш го слушнала.
– Многу работи кои ги рекла во интервјуто јас воопшто не ги знаев. Да, како едвај чекала да оди на сетот поради Бред, тоа нималку не е кул од нејзина страна“, признала Џенифер пред 11 години.