Џекпот од 53,4 милиони евра добиен во Шведска

121

Во Шведска е регистрирана добивка од 53,4 милиони евра на лотаријата ЕвроЏекпот.

Ова е најголемата сума која некогаш е добиена во земјата, соопшти лотариската компанија „Свенска спел“.

Претставник на компанијата ја потврди добивката, без да открие дали џекпотот го освоиле еден или повеќе играчи на играта на среќа.

Лотаријата ЕвроЏекпот се игра од 2012 година и е достапна во 18 држави – од Исланд до Словенија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...