Поп-пејачот Џастин Тимберлејк и раперката Миси Елиот ги добија своите музички докторати на престижниот колеџ „Беркли“, а свечената церемонија на доделување на дипломите беше одржана во седиштето на оваа музичка институција во Бостон.
Откако им биле доделени почесните докторати од областа на музиката, поп ѕвездата и рап кралицата уживале во славенички викенд со персоналот и студентите од „Беркли“. Тимберлејк во текот на својот говор ја забавувал публиката со шеги, но ги почестил помладите колеги и со корисни совети.
Тој на социјалните мрежи објавил фотографија со дипломата во раце, со зборовите: „Не постојат преголеми соништа. Продолжeте да ги „бркате“. Верувајте ми, јас сум доктор.“