Џастин Бибер наводно ја побарал за жена својата девојка Хаили Балдвин и таа се согласила.
Двајца сведоци кои наводно го виделе запросувањето раскажуваат дека сѐ се случилко во еден ресторан на Бахамите.
Парот бил во ресторанот и танцувал салса, и тогаш Џастин клекнал пред Хаили и ја запросил пред сите.
Откако пред еден месец повторно ја почнале врската, парот е речиси неразделен.
Само ден подоцна, Татко му на Џастин, Џереми Бибер на својот Инстаграм објавил интересна честитка која многумина ја сфатиле како потврда на веридбата.