Британскиот министер за внатрешни работи Саџид Џавид изјави денеска дека компаниите кои се рекламираат на социјалните медиуми мораат да преземат мерки за спречување екстремизам на своите канали, по денешните напади врз две џамии на Нов Зеланд во кои загинаа најмалку 49 лица.
– Вие – Јутјуб, Гугл, Фејсбук, Твитер, навистина треба да направите повеќе за да го спречите насилниот екстремизам, кој се промовира на вашите платформи – напиша Џавид на Твитер.
Тој на тие компании им порача дека треба да преземат одговорност.
Фејсбук, Твитер и Јутјуб соопштија дека ќе ги отстранат содржините кои се поврзани со масовните престрелки, а кои се објавени на интернет додека траел нападо.
Австралијанецот Брентон Тарант, кој во живо го пренесувал нападот врз џамијата Ал Нур на социјалните мрежи, бил приведен веднаш по инцидентот.
Властите претходно соопштија да се отстранат профилите на Тарант на социјалните мрежи. Исто така, се отстрануваат и сите статуси и коментари во кои се дава поддршка и се упатуваат молитви за уапсените терористи