Џабе шахта, кога улицата не е добро нивелирана

1392

Откако во петокот напишавме дека на новиот асфалт пред семафорот со улицата Бихаќка, се направи езерце после првиот ситен дожд, градските власти во саботата направија шахта.

Но, за жал таа не е доволно решение за да ја собере сета вода, која сѐ уште се собира во средната лента од коловозот зашто тој дел од улицата не е добро нивелиран.

Како што напишавме во петокот, првиот ситен дожд ги покажа слабостите на новиот асфалт на крстосницата на Јордан Мијалков со улицата Бихаќка, која беше асфалтирана минатиот викенд после повеќе од 40 дена откако беше раскопана.

Пред семафорите се формира езерце со вода и на секое поминување на возилата, особено во средната коловозна лента, се креваат високи бранови со вода кои ги прскаат другите возила, но досегаат и до тротоарите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...