Во јужниот германски град Инголштад, крадец со суперлепак ѝ ги залепил рацете на продавачка на работната површина, ја ограбил продавницата и побегнал со парите од сефот.
Крадецот, вооружен со пиштол, влегол во објектот пред отворањето, збунувајќи ја продавачката која мислела дека тоа е нејзината колешка. Потоа ја присилил да го отвори сефот, од којшто украл 2.000 евра, соопштуваат од полицијата.
Жената потоа успеала да му се јави на свој роднина, „и покрај тоа што не била многу во можност тоа да го стори“, велат надлежните.
Роднината потоа ја повикал итната помош и полицијата.
EPA-EFE/ARSHAD ARBAB