Ќе се формира одделение за прекршоци

802

Владата на денешната редовна седница ги усвои предлог – законите за изменување на Законите за безбедност на производите, за заштита на потрошувачите и на законот за контрола на предметите од скапоцени метали. Измените на сите 3 закони се поврзани со измените во Законот за државен пазарен инспекторат кој претрпи измени поради конфликт со важечката систематизација на Државниот пазарен инспекторат со која се укина одделението за прекршоци. Со измените на наведените 3 закони се овозможува да се формира одделението за прекршоци во Министерството за економија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...