Ќе се формира германско-македонски управувачки комитет

Посебен советник ќе биде ангажиран и во кабинетот на премиерот Зоран Заев.

792

Ќе се формира германско-македонски управувачки комитет кој ќе биде посветен на економски прашања, а посебен советник ќе биде ангажиран и во кабинетот на премиерот Зоран Заев.

Ова го најави премиерот Заев на трибина во Стопанската комора посветена на евроатланските интеграции и развојот на економијата.

– Новина е тоа што со канцеларката Ангела Меркел веќе потврдивме управувачки комитет за економија. Зошто? Знаете дека имаме најголема трговска поврзаност со Германија. Се очекува 2018 година да заврши со трговска размена од 4 милијарди евра. Во 2017 година таа беше 3,6 милијарди. Овој управувачки комитет меѓу Македонија и Германија ќе биде само за економијата, не за политиката – рече Заев.

Бизнисмените, пак, побараа земјава да постави амбасадор во Германија, бизнисмен.

Премиерот сепак за ова прашање остави да решаваат претседателот на државата и министерот за надворешни работи, но потсети дека економските аташеа во амбасадите ја имаат улогата на посредништво и барање работа за бизнисот од земјава.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...