Сценаристот Џејмс Вандербилт го подготви текстот заснован на книгата „Долгата прошетка“, која хорор авторот Стивен Кинг ја издаде во 1979 година.
По ланскиот хорор хит на Кинг „It“, продукциската куќа Њу Лајн Синема ги откупи правата и за овој проект.
Приказната е сместена во иднината, во САД, и се однесува на натпревар во пешачење со сурови правила, организиран од тоталитарната власт во земјата.