Ќе се разоружаат ли еднаш кукавиците кои се ситат на туѓа несреќа?

Ќе одговараат ли овие ликови, како Миленко, некогаш за нивната омраза и повици за линч и насилство?!

2578
21 месец затвор за човек во Нов Зеланд, кој во март повикуваше на елиминација на муслиманите.
4 години затвор во Англија за момче кое го обвини принциот Хари за „предавник на расата“ затоа што се оженил со Меган Маркл, додавајќи пиштол и свастика на текстот.
Дали сево ова е криминализација на личниот став? Не е! Затоа што демократските правни системи на овие држави утврдиле дека станува збор за наведувања на убиство.
И докази за убиства на бели супрематисти имаме премногу. Масакрот во Нов Зеланд, во Квебек, Утоја, убиството на бина на градоначалникот на Гдањск, со Шкотска на Џо Кокс, во Германија на соработникот на Меркел, Валтер Лубке, да ги споменеме само најпознатите случаи.
Во Македонија има една серија на ликови, најчесто добро врзани за поранешниот режим, кои постојано повикуваа и повикуваат на линч, или се ситат на нечија судбина.
Сите се сеќаваме како Миленко ставаше слики од новинари и политичари со штипки на жица и повикуваше на линч. Сите знаеме како им се ситеше на Грците за пожарите, сега повикува на некаква божја казна за Меркел на која пред некој ден и се слоши.
Ќе одговараат ли овие ликови некогаш за нивната омраза и повици за линч и насилство?! Ќе се разоружаат ли еднаш кукавиците кои се ситат на туѓа несреќа, пред да станат причина за некој директен гест на насилство и нетрпение?!
Независен и демократски правен систем не може да остане нем и слеп пред слични вооружени ставови.
Разоружајте ги!
(ФБ статус на авторот)
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...