Владата денеска на седница го прифати предлогот за проширување на Програмата за наводнување на Северна Македонија.
„Во врска со оваа точка, Владата го задолжи Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, да ја координира работата во врска со проширувањето на Програмата за наводнување на Република Северна Македонија преку обезбедување дополнителни средства од развојниот заем на Владата на СР Германија и КФВ банката, во насока на прифаќање на зголемениот развоен заем во износ од 80 милиони евра и грант средствата од 2,8 милиони евра“, соопшти владината прес-служба.