Владата даде зелено светло за измените на Законот за регистрирање на готовински плаќања.
Со измените се пропишува законска обврска за приложување на фискалната сметка кон сметката која се сторнира.
Ваквата обврска досега беше уредена со подзаконски акт и истата не се почитуваше од даночните обврзници.
Во законот се предлага и глоба за санкционирање на непочитувањето на пропишаната обврска.