Ќе се подига компјутерска писмeност на населението за подобра е-трговија

Потписниците на Меморандумот, како што известуваат од АЕТМ, соработката ќе ја остваруват преку споделување на релевантни информации од областа на е-трговијата, заеднички ќе придонесуваат за развојот на соодветни програми од областа на е-трговијата за потребите на корисниците на услугите, како и преку споделување на тековни и нови искуства, релевантни за областа на дејствување и соодветната целна група.

168

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) и Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, денеска потпишаа меморандум за соработка, со цел заеднички да придонесат кон развојот на е-трговијата и развивањето на способностите, дигиталната писменост и градењето на капацитети во секторот за е-трговија во Република Македонија, се наведува во соопштението од АЕТМ.

Меморандумот за соработка го потпишаа претседатот на АЕТМ, Нина Ангеловска и извршниот директор на МАСИТ, Анита Никова Бундовски.

Потписниците на Меморандумот, како што известуваат од АЕТМ, соработката ќе ја остваруват преку споделување на релевантни информации од областа на е-трговијата, заеднички ќе придонесуваат за развојот на соодветни програми од областа на е-трговијата за потребите на корисниците на услугите, како и преку споделување на тековни и нови искуства, релевантни за областа на дејствување и соодветната целна група.

– Соработката помеѓу МАСИТ и АЕТМ е од големо значење за надминување на клучните предизвици на патот кон дигитализацијата за Република Македонија. Имаме одлични идеи и енергија во двете организации и цврство верувам дека синергијата ќе придонесе многу за нивно адресирање. Особено ќе се фокусираме на подигање и прогрес во целокупното ниво на дигитални вештини и компјутерска писемност на населението, но и на бизнисите – вели претседателката на АЕТМ Нина Ангеловска.

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се стреми кон инклузивна е-трговија, а преку потпишување низа меморандуми со засегнатите страни од областа, има за цел да креира иднина за раст на е-трговијата и успех во рамките на Република Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...