Ќе се минира делница од патниот правец Градско – Прилеп

589

Мактек ДООЕЛ денеска од 10 до 16 часот ќе изврши минирање на патниот правец Градско – Прилеп, делница Фариш – Дреново, од км 1+600 до км 2+000, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

АМСМ информира дека утрово сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...