Ќе се зголемува бројот на емисии на обврзници за денационализација

Процесот на денационализација е завршен во првостепена постапка, но дел од решенијата не се конечни, односно за ниве сѐ уште се водат управни спорови или се вратени од судовите на повторно постапување.

94

Владата планира да го зголеми бројот на емисии на обврзници за денационализација од осумнаесет на дваесет со цел да овозможи да бидат опфатени поголем број барања за денационализација по кои се одлучува во повторна постапка.

Во образложението за Закон за изменување на Законот за издавање на обврзници за денационализација на ЕНЕР се вели дека процесот на денационализација е завршен во првостепена постапка, но дел од решенијата не се конечни, односно за ниве сѐ уште се водат управни спорови или се вратени од судовите на повторно постапување. За да се овозможи исплата по овие предмети по нивната правосилност, има потреба од зголемување на бројот на емисиите на обврзници за денационализација.

„Донесувањето на Законот за изменување на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација е со цел зголемување на бројот на емисии на обврзници за денационализација од осумнаесет на дваесет, како би можело да се опфатат барањата за денационализација по кои се одлучува во повторна постапка, а за кои е потребно дополнително издавање на обврзници“, се вели во образложението.

Законот го подготвува Министерството за финансии.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...