Ќе биде забрзана процедурата за утврдување и исплата на штетите што земјоделците ги претрпуваат како резултат на неповолните климатски промени, одлучи Владата на денешната седница.
– На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Владата усвои Предлог – уредба за престанувањето на важењето на уредбата за начинот на утврдувањето на неповолниот климатски настан, настанатата штета, пресметувањето на загубата на приходот, пресметката на штетата и постапката за исплатата на помошта, информира владината прес-служба